Тони Серуга е калифорниски претприемач, експерт за маркетинг и аналитичар за разузнавање, кој често коментира геополитички и енергетски разузнавачка податоци, особено во врска со Блискиот Исток и нафтата. Серуга се позиционирал како експерт за разузнавање, наведувајќи 39 години искуство со клиенти како што се владите на САД, Велика Британија, Израел и Саудиска Арабија, како и компании како ExxonMobil и Saudi Aramco.
Серуга наведува дека вложување од два билиони долари во сончева и ветерна енергија донело скапа електрична енергија, нестабилна мрежа и речиси никакво намалување на емисиите. Доколку тие пари се вложеле за нуклеарна или гасна енергетика, светот денес ќе имл посигурна, поевтина електрична енергија и всушност помалку јаглерод – наместо сметка од 40 билиони долари за изгубен економски раст.

Помеѓу 2010 и 2026 година, владите и корпорациите вложоле околу два билиони долари во соларни, ветерни и програми „нето-нулта емисија“, со ветување за скорешна транзиција кон чиста енергија. Наместо тоа, јавноста доби илузија – кревка мрежа, повисоки цени на електричната енергија и занемарливи климатски придобивки. Енергијата останала подеднакво јаглеродно интензивна, но многу поскапа и несигурна. Основната грешка е мешањето на инсталираните капацитети со испорачаната енергија.
Ветерот и сонцето често произведуваат енергија само 20% од времето; фосилните и нуклеарните постројки стабилно генерираат 60-90%. Милијарди се вложени во инфраструктура зависна од временските услови, која сè уште мора да биде поткрепена со резервни капацитети на јаглен и гас. Кога ќе се земат предвид резервниот капацитет, стабилизацијата на мрежата и загубите во батериите, реалната цена на испорачаната обновлива енергија достигнува 120–250 долари за MWh – два до три пати повеќе од гасот, јагленот или нуклеарната енергија.

Мерено според физичката реалност, а не според маркетиншките слогани, тие два билиони долари купиле приближно толку енергија колку што би донеле 400 милијарди долари вложени во конвенционална енергетика. Потрошувачката на фосилни горива речиси воопшто не се променила, а може да се каже дека се зголемила, бидејќи резервните постројки во состојба на мирување трошат гориво. Покрај тоа, зависноста од кинеските синџири на снабдување за соларни панели и минерали од ретки земји ја нарушило енергетската независност и ги зголемило емисиите преку скриени трошоци за рударење и транспорт.
Доколку истиот капитал се инвестира во модерна нуклеарна или напредна инфраструктура за природен гас, резултатите би биле трансформативни. Со два билиони долари би можеле да се изградат околу 285 GW нуклеарни капацитети (кои со сигурност би напојувале 250 милиони домови во текот на 70 години) или 1.650 GW ефикасни гасни централи (доволни за напојување на 900 милиони домови во текот на 30 години). И двата пата би ги намалиле емисиите на CO₂ за 70-80 гигатони, би ги преполовиле глобалните трошоци за електрична енергија и би обезбедиле вистинска енергетска безбедност.
Споредување на патиштата на енергетската транзиција
| Зелен пат | Нуклеарен пат | Гасен пат | |
| Намалени емисии
јаглерод (Gt CO₂) |
~21
најслаби |
77,6
многу големи |
71,4
големи |
|
Цена/MWh |
$ 120 – 200
најголема цена |
$ 60 – 70 | $ 50 – 65 |
|
Век на мрежа |
20 години
најкраток |
70 години
најдолг |
30 години |
| Домаќинства
(напојување $2 билиона) |
~250М
повремено |
250М
стабилно |
900М
стабилно |
|
Глобален БДП 2026 |
$ 160Б |
$ 197Б |
$ 200Б |
| Независност на
Енергетското снабдување |
ниско | високо | умерено |
Наместо тоа, актуелната „зелена“ траекторија донела зголемување на сметките за електрична енергија, прекини на електричната енергија и поголема зависност од геополитичките противници. Глобалните трошоци за електрична енергија се зголемиле за околу 60%, што придонело за деиндустријализација во Европа, светска инфлација и кумулативна загуба на БДП од 37-40 билиони долари – приближно половина од годишното економско производство во светот. Тоа е цената на погрешното изедначување на идеологијата со инженерството.
Лекцијата не може да биде појасна: физиката го одредува просперитетот. Густата, диспечибилна енергија – како нуклеарната или гасната – останува ‘рбетот на цивилизацијата, и никакви субвенции или пораки не може да ја регулираат термодинамиката. Таканаречената зелена транзиција не ја декарбонизираше планетата – таа ја осиромаши, смета Серуга. Патот до одржливост не е поплочен со соларни субвенции, туку со недвосмислено инженерство и научна чесност.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија