Насловна / Вести / Kaко парче пица: Ова е најмалата приватна парцела во Големото јаболко

Kaко парче пица: Ова е најмалата приватна парцела во Големото јаболко

Најмалото „парче“ на земјиште во приватна сопственост во Њујорк е големо колку едно обично парче пица.парче пица

„Хесовиот триаголник“ (The Hess’ Triangle) се смета, според површината, за најмала приватна парцела во Њујорк, а зад себеси има своја приказна, чии корени датираат стотини години наназад.

Во текот на 1910 година, околу 300 згради во Њујорк биле срушени за да можеле улиците да бидат проширени. Дејвид Хес, сопственик на станбена зграда на седум ката, не сакал да ја прифати одлуката за напуштање на нивниот имот, и тој ја тужел градската власт на Њујорк. Спорот го изгубил, а веднаш потоа, Хес и починал.

Неговите деца, сепак, забележале дека постои дел од нивниот поранешен имот кој не бил опфатен со работите околу проширувањето на улицата. Технички гледано, овој триаголник се уште е во сопственост на семејството Хес.

На тоа место, наследниците на Дејвид Хес поставиле мозаик со натпис: „Сопственост на семејството Хес, кое никогаш не било определено за јавни цели“.

Овој натпис се уште стои на аголот на Седмата авенија и улицата Кистофер, во Вест Вилиџ во Њујорк.

Испрати коментар

Scroll To Top