Младите на возраст од 18 до 30 години од земјите на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора), Украина, Грузија и Молдавија, можат да испратат оригинални и на факти базирани текстови во кои истражуваат како нивните заедници се прилагодуваат на процесот на постепено запирање на користењето на фосилните горива, со што ќе бидат во конкуренција за наградите Just Transition Young Voices Awards.

Со овие награди, младите ќе бидат препознаени како клучни двигатели на промени и им се нуди платформа за креативно и кон решенија ориентирано новинарство кое се занимава со предизвиците и бенефитите од праведната енергетска транзиција. Натпреварувањето е осмислено со цел да ги истакне креативните идеи и практичните решенија на младите кои се занимаваат со климаските и енергетски теми. Пријавите се отворени до 28-ми јуни. Ќе бидат доделени следните три награди:
- Едномесечна платена пракса во Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена
- Истражувачка теренска посета на тема енергетска транзиција на избрана локација во Западен Балкан, во организација на мрежата CEE Bankwatch
- Учество во обуката за климатско известување која ја организира CAN Europe во Охрид, од 1-ви до 3-ти септември 2025 година.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија