Насловна / Архитектура / Југословенски брутализам: Архитектурата како сила на државата

Југословенски брутализам: Архитектурата како сила на државата

Се повеќе туристи кои го посетуваат Белград се особено заинтересирани за „спомениците“ од социјалистичкиот период, а зградата на „Генекс“ посебно го привлекува нивното внимание. Токму затоа, агенцијата Reuters посветила репортажа на препознатливата југословенска архитектура, позната како брутализам.

Како еден од најзначајните примери на брутализмот, архитектонскиот стил базиран на груби бетонски форми, агенцијата ја истакнува оваа зграда, која како што се наведува во репортажата „не можете да ја промашите на патот од аеродромот кон центарот на градот“. Двете бетонски кули поврзани со мост, со одамна затворениот ротирачки ресторан на врвот кој личи на вселенска капсула, ја прават оваа градба од 1977 година вистински магнет за туристите.

genex1

genex2

genex3

genex4

Агенцијата додава дека брутализмот бил особено популарен во поранешна Југославија, и дека благодарение на овој архитектонски стил земјата го изградила својот посебен визуелен идентитет на крстосницата помеѓу Истокот и Западот.

Интересирањето за овој стил особено е зголемено по изложбата во MoMA во Њујорк на тема: Бетонска утопија- архитектурата во Југославија 1948-1980.

Сопственикот на една туристичка агенција во Белград вели дека секоја недела десетици луѓе сакаат да ги обиколат зградите во Белград изградени во овој период, а особено се заинтересирани за зградата на „Генекс“. Оваа агенција ги организира  турите посветени на брутализмот во абвтомобил „југо“, некогаш најпопуларното возило на овие простори. Поради големиот интерес, властите размислуваат да отворат за туристи уште едно ремек дело, владината зграда „Палата Србија“, која во моментот е отворена за посетители само еднаш годишно.

„Палатата Србија“ угостила голем броој светски лидери, вклучувајќи ги претседателите на САД Ричард Никсон и Џералд Форд, како и советските лидери Хрушчов и Брежњев. Секоја од поранешните југословенски републики имала свој салон во палатата, а централната просторија е т.н „сала Југославија“. Мебелот и теписите се правени по мерка, а на ѕидовите можат да се видат слики и мозаици од некои од најреномираните уметници.

Бруралистичката архитектура требало да ја покаже моќта на државата позиционирана помеѓу двата спротиставени света – западната демократија и комунизмот на источниот блок. Но, после смртта  на Тито, новите владејачки елити почнале да се дистанцираат од сите социјалистички обележја, меѓу кои за жал и од брутализмот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

palatasrbija2

palatasrbija5

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top