Насловна / Вести / Југохром ќе почне со работа следното лето

Југохром ќе почне со работа следното лето

Југохром од Јегуновце ќе биде рестартиран на крајот на мај, најдоцна на почетокот на јуни идната година, откако прво ќе ги изгради филтрите за отпрашување. Менаџментот на компанијата, Владата и синдикот на вработените, со Меморандум се обврзаа дека ќе ја почитуваат со Закон утврдената процедура и нема да ја донесат фабриката во ситуација пред одземање на А интегрираната дозвола како пред две години, кога Инспекторатот за животна средина ја затвори оти нема филтри.Jugohrom

Со Меморандумот, според вицепремиерот Анѓушев, се овозможува сигурност за иднината на фабриката, но и се обврзува Владата дека ќе ги почитува роковите се издавање на потребните документи.

Синдикатот на вработените во Меморандумот изјави дека сите работници се подготвени да се вклучат во рестартирањето на производството во Југохром. Синдикалниот преставник Алити побара Владата да најде механизми Компанијата навреме да ги изгради филтрите со што фабриката ќе профункционира.

Југохром целосно го запре производството во ноември 2016 година, односо пред праламентарните избори, откако не го испочитува рокот за градење на филтрите кои чинат 4,5 милиони евра. Тогаш околу 800 вработени останаа без работа, и неколкупати протестираа со барање, фабриката да се рестартира и да се реши нивниот проблем.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top