Насловна / Вести / Јавен повик за финансирање на енергетски задруги на Западен Балкан

Јавен повик за финансирање на енергетски задруги на Западен Балкан

Регионот Емилија Ромања од Италија, финансиски поддржува формирање и јакнење на заедници/задруги за обновливи извори на енергија во пет земји од Западен Балкан. Секој од дессетте проекти кои ќе бидат поддржани може да добие по 200.000 евра, како и техничка и друга поддршка. На повикот можат да се пријават профитни и непрофитни субјекти од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора. Проектот го финансира Генералниот Директорат на Европската комисија за регионална и урбана политика (DG Regio), а се реализира со поддршка на регионот Емилија – Ромања и партнери. Средствата ќе бидат доделени во рамките на иницијативата „Подобра кохезија преку развој на енергетски заедници“.

Првата фаза од проектите е наменета за стартување на нови заедници, од мобилизација на заинтересираните страни до формирање. Проектите мора да бидат непрофитни, а евентуалниот вишок на средства мора да се реинвестира во заедницата. Можна е соработка во прекугранични проекти со партнери од Хрватска, Италија, Словенија и Грција. Втората фаза е наменета за заедници кои веќе функционираат, а можат да се пријават за поддршка во проценка на изводливоста на инвестициите и за помали инвестиции во енергетска инфраструктура. Целиот процес ќе се одвива во два круга, со цел да се оозможи учество и на оние кои можеби не се подготвени за првиот круг, додека истовремено обезбедува секоја од земјите да биде застапена со највеќе 2 избрани проекти. Во првиот круг, нацртите на пријавите се доставуваат до 16-ти јули, коментарите до 22-ри август, а финалните пријави до 8-ми септември. Во вториот круг, нацртите се поднесуваат до 20-ти октомври, коментарите до 21-ви ноември, а финалните пријави до 5-ти декември.

Документите потребни за аплицирање се достапни ОВДЕ.

Испрати коментар

Scroll To Top