Насловна / Вести / Изложба за накитот низ вековите од Македонија во Археолошки музеј

Изложба за накитот низ вековите од Македонија во Археолошки музеј

На изложбата ќе бидат презентирани 68 копии од експонати кои претставуваат сведоштво за културниот континуитет и идентитет.

По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, во просторот на повремени изложби на Археолошки музеј на Македонија ќе биде отворена изложбата Накитот низ вековите од Македонија. Оваа изложба веќе била презентирана во Софија, во 2015 година во МКЦ, и во Њујорк, САД, лани.накит

„На изложбата ќе бидат презентирани 68 копии од експонати кои претставуваат сведоштво за културниот континуитет и идентитет, уметничките тенденции и иновативниот дух на луѓето кои егзистирале на оваа територија од времето на праисторијата до крајот на 20 век или скоро девет илјади години континуитет. Воедно, на изложбата ќе бидат презентирани и неколку копии на тоалетени сетови за етерични масла, шминка и кутии за накит, а предвидената идејна концепција ќе ја надополнат и адекватно одбраните теракотни антропоморфни фигурини, на кои изворно се претставени декоративни украсни елементи“, информира Археолошки музеј на Македонија.

Експонатите ќе бидат изложени во пет витрини, а изложбата дополнително ќе биде збогатена со илустративно-едукативен материјал како банери, постери, видео проекции, легенди и каталог.

Испрати коментар

Scroll To Top