Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Помеѓу“ на Игор Тошевски во Чифте амам

Изложба „Помеѓу“ на Игор Тошевски во Чифте амам

cifte-amam-

Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер во галеријата Чифте амам ќе отвори изложба на уметникот Игор Тошевски насловена „Помеѓу“.

– Проектот „Помеѓу“на Тошевски може да се разгледува во насока на истакнување на значењето на сложените релации и меѓузависноста на вредностите од минатото и нивната улога во современоста… Овој проект отвора можност да биде разгледуван низ призмата на актуелните прашања кои се појавуваат низ неговата генеза, поконкретно од 2012 година наваму, но и преку навраќање на доминантните постапки и стратегии кои ги користи Тошевски, особено од средината на 1990-тите, соопшти НГМ.

Тошевски (Скопје, 1963) дипломирал на отсекот за графика на Академијата за ликовни уметности во Хелсинки во 1988, а магистрирал вајарство (2011) на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Во 1980-тите години учествувал во формирањето и работата на неколку уметнички колективи во Македонија, меѓу кои групата Зеро (1985-1990) која одигра значајна улога во појавата и развојот на алтернативната ликовна сцена во Македонија.

Како еден е од основачките членови на иницијативата Кооперација (2012-2015), тој активно учествува во конципирањето и реализацијата на бројни настани, меѓу кои групни изложби, колаборативни проекти, симпозиуми, презентации и панел-дискусии одржани во Македонија и во странство.

Испрати коментар

Scroll To Top