Насловна / Вести / Изложба „Каламота – Подалеку од светлината“во „Чифте амам“

Изложба „Каламота – Подалеку од светлината“во „Чифте амам“

бранџолица

Во Националната галерија на Македонија, објект „Чифте амам“ утре (петок) во 20 часот ќе биде отворена изложба на Влахо Бранѓолица со наслов „Каламота – Подалеку од светлината“.

Фотографиите на Влахо Бранѓолица се технички брилијантно направени, не предизвикуваат ни најмал сомнеж дека авторот го пренел токму тоа што го видел. Перцепцијата на уметникот ја чекаат непрегледни димензии на макро и микрокосмосот, коишто се нераскинливо поврзани во секој човек заедно со природата, а уметникот има мисија да ги открива на свој, секогаш нов начин и да ги прикажува на останатите преку уметничкото дело.

Изборот на техниката со којашто се изработени овие фотографии од Каламота укажува на особено длабок контемплативно-медитативен однос што го воспоставиле авторот и природата. Простор што со своите, очигледно, вонсериски енергетски вредности го запира здивот на набљудувачот и приемникот на овие енергии коишто се отвораат преку изложените фотографии… А, во исто време можат, во тек на длабок занес, и да застрашат со својата не-персоналност.

Токму овде и се крие таа подлабока димензија на овие фотографии, затоа што тие претставуваат спој со подлабоките делови на психата, не со индивидуалното свесно, туку колективното несвесно дури и до ниво на аноргански несвесното. Преку овие фотографии, уметникот ни овозможува ретка можност да ја почувствуваме космичката димензија на соодносот меѓу материјата и енергијата, каде што материјата како форма станува помалку важна во однос на сеопфатноста на енергијата и нејзината моќ на трансформација којашто му дава живот на сѐ што постои.

Испрати коментар

Scroll To Top