Насловна / Вести / Изложба на современ накит „Големата мајка божица и змејот“ во Мала станица

Изложба на современ накит „Големата мајка божица и змејот“ во Мала станица

izlozba_na_sovremen_nakit

Вечер во Мала станица, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на современ накит „Големата мајка божица и змејот“. Авторки на овој проект се македонската дизајнерка на накит Билјана Клекачкоска и Тина Кодер Грајзар, словенечка дизајнерка.

Билјана Клекачкоска, со современ авторски пристап твори во филигранска техника, а Тина Кодер Грајзар, авторски твори Идриска чипка – ги поврзува сличниот пристап и концепт во работата како и сличниот начин на размислување.

Како појдовна точка на заедничкиот проект тие избираат по еден симбол од местата во кои живеат и творат – големата мајка божица од Скопје и Љубљанскиот змеј. Сакајќи да додадат нова, актуелна димензија на овие два митoлошки симболи, Билјана ја замоли својата пријателка, писателката Барбара Драговиќ, специјално за оваа прилика да напише нов, современ мит кој ќе ги вклучува обата симболи. Така настана кратката приказна „Мајката божица и змејот“, која авторките на изложбата ја користат како појдовна точка и инспирација за заедничкото творење.

Во презентираната колекција на накит уметниците го истражуваат дуалниот принцип (машко-женски, активно-пасивно, динамично-статично итн.) како на ниво на форма, така и на ниво на материјал. Трагаат по точките на допир, спој од кој ќе произлезе нов производ со оптимална резонанца на двете техники и двата авторски начини на изразување…

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top