Насловна / Вести / Изложба на Славчо Спировски во Софија

Изложба на Славчо Спировски во Софија

slavco spirovski

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, отворена е изложбата „Пресек на скулптурата над 3 на 42°N 42’ /SKP-SOF/ 1 кат минус 110 см“ од авторот Славчо Спировски.

За проектот на уметникот Спировски, кустосот Горанчо Георгиевски ќе запише дека неговите творечки потенцијали се изразени преку сетилната сензација и интелектуалниот ангажман обликувани преку скулптурата во сите нејзини варијации и концептуалната практика на инсталацијата.

– Барајќи го визуелниот знак на епохата се впушта во потрага по нејзините доминантни визуелни и духовни белези, трансформирани во ликовни и визуелни облици во неговите дела со лични реминисценции и емфази. Во неговите опсесии во ликовните творби инкорпорирани се елементи од стварноста (скулптура, постамент, просторност) преобразени во симболички знаци кои прикажуваат фрагменти од сеќавањето, интимноста, личниот простор, запрен миг на времето, еден вид на математички осмислен но и емотивен просторен облик како спој на науката, философијата и духовноста, – наведува Георгиевски во каталогот за изложбата.slavco spirovski

Славчо Спировски (Скопје, 1975) дипломирал во 2006 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на педагошкиот оддел, отсек скулптура, во класата на професор Станко Павлески. Има реализирано самостојни изложби (Берлин 2012, Њујорк 2014) и бројни групни претставувања (Добрич 2001, Белград 2001, Сплит 2009, Бејрут – на 6. Интернационални франкофонски игри, 2009).

Изложбата на Спировски во Софија, која е дел од годишната програма поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, ќе ја отвори Васко Шутаров, директор на КИЦ на РМ во бугарската престолнина.

Испрати коментар

Scroll To Top