Насловна / Вести / Изложба на Касиопеја Наумоска во галеријата на МКЦ

Изложба на Касиопеја Наумоска во галеријата на МКЦ

Утре (3 јуни) во 20 часот, во Галеријата на Младинскиот кутурен  центар, ќе биде отворена самостојна изложба на Касиопеја Наумоска.kasiopeja

„Креативноста на Касиопеја произлегува од богатата уметничка имагинација, од длабоки и интимни сфери на потсвеста. Со право може да се зборува за високо ниво на истакнати фантастики на состојба во имагинарните фази, сцени, што секако се реални состојби на душата на Касиопеја. Како имагинарни секвенци флешовите се евидентираат низ квалитетен ликовен цртачки и сликарски процес. Поради ова, сите дела на Касиопеја сигурно претставуваат фундаментални оригинали на одреден емотивен момент преточен низ бојата и оригиналниот ликовен гест. Во некои моменти наративноста е хроматски нереална, магична, би рекол прекрасна, со тенденција да се сокрие во гамата на колоритното сфумато. Воодушевувачки се делата во кои се постигнува моментот со прекрасни атрибути на објектот, кој е поставен во трансцедетална колоритна површина, средина во која владее апсолутна тишина – вистински мир во беспрекорно воспоставена атмосфера.

Покрај овој магичен облик се вклопуваат и неверојатни вредности на животната средина во специфичната шема на бои што се еден од најважните компоненти на нејзината уметност.
Во нејзините, за мене најдобри платна, доминираат амбиенти прекриени со пурпурна и кафеава боја во кои може да се забележи фовистичкиот израз на лицата на нејзините лирски актери и актерки, кои директно  нѐ ‘пумпаат’ со размисли и емоциии“ вели за неа Горјан Ѓорѓиев.
Касиопеја Наумоска е роденa во Скопје, во 1968 година. Магистер по Студии на културата, Институт за општествени и хуманистички науки од 2016 година. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1993 година.

Испрати коментар

Scroll To Top