Насловна / Вести / Асфалтирана главната улица „Енгелсова“ во населбата Осми ноември во Штип

Асфалтирана главната улица „Енгелсова“ во населбата Осми ноември во Штип

Продолжува асфалтирањето и реконструкцијата на улици во централното градско подрачје на Штип. По завршување на Партизанска кај Домот на млади, асфалтирана е главната улица во населбата 8-ми ноември.ulicaa5

„Се асфалтираше улицата Енгелсова во должина од околу 600 метри. Вредноста на проектот е околу 1,5 милиони денари“,  кажа Тоше Ѓорѓиевски од општина Штип.

Станува збор за една од најфрекфентните улици во населбата, која беше доста оштетена. По „Енгелсова“, на списокот на општината за асфалтирање и реконструкција има уште многу улици.ulicaa1

Следи асфалтирање на улици во населбите Сењак и Баби, а за други низ централното градско подрачје течат тендерски постапки.

Претходно, асфалт добија улиците во приградските населби Чардаклија, Балканска и Горна и Долна Железничка.

Испрати коментар

Scroll To Top