Насловна / Арт и дизајн / Изложба на фотографии на Мимоза Велиу во „Чифте амам“

Изложба на фотографии на Мимоза Велиу во „Чифте амам“

Изложба на Мимоза Велиу со наслов „Уметничка фотографија“ ќе биде отворена во Националната галерија на Македонија, објект „Чифте амам“, на 5 септември 2017 година (вторник), во 20 часот.

​Мимоза (1979) е фотограф и куратор родена во Македонија. Живее и работи во Берлин. Преку студиото и нејзината галерија JAMMIN таа поврзува заеднички концепт на комерцијални и уметнички фотографии. Покрај Берлин, Мимоза има изложувано и во Виена, Њујорк, Минхен, Тирана, Приштина…

Во 2008 година, таа е добитник на првата награда за уметничка фотографија од Националната галерија на Косово.

велиу мимоза

​„Мимоза со својот апарат прави уникатни фотографии, кои по својот стил бараат време убаво да се погледнат. Таа ја зачувала посебноста на нејзината уметност во создавањето на тој вид на експресионизам, кој со или без интенција те носи кон името на авторката“, вели Елса Демо за Велиу.

„Спорот на личниот идентитет можно е да се спореди со тој на Икар, или пак на Исус, но Мимоза го доловува на најнеопределениот момент, најдуалниот, најхипотетичен, најотворен, тргнувајќи од родната сензибилизација на жената, која во многумина од овие фотографии ја oтелотворува тензијата на распнувањето на една димензија која засекогаш останува мистична“, додава Шклзен Малиќи.

„Таа ѝ пркоси на технологијата. Постојат многу уметници, чии фотографии им ги прави апаратот, но фотографиите на Мимоза се од душата“, коментира Шпенд Бенгу.

​Кураторот на изложбата Горанчо Ѓоргиевски информира дека истата ќе може да се погледа до 29 септември 2017 година.

Изложбата ќе може да се погледа до 29 септември 2017 година.

Испрати коментар

Scroll To Top