Насловна / Вести / Изложба на Али Синани во Музејот на град Скопје

Изложба на Али Синани во Музејот на град Скопје

ali sinani izlozba

Во Музејот на град Скопје, вечер ќе биде отворена изложбата „Траги“ на Али Синани, на која ќе се претстави со 40-ина дела работени последните пет години.

Синани припаѓа на школата на орфистите и во неговите слики боите и формите се алфа и омега.

Роден е 1977 год. во гостиварското село Добридол. Дипломирал во 2002 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорот Рубенс Корубин. Магистерските студии ги завршил на истиот факултет во 2009 година во класата на доцент Антони Мазневски, а од 2012 година е на докторски студии во Нови Пазар, Србија, кај проф. д-р Фехим Хусковиќ.

Член е на голем број европски асоцијации. Има реализирано над 15 самостојни и над 25 групни изложби во Македонија, Србија, Швајцарија, Германија. Од 2000 година живее и работи во Швајцарија.

Испрати коментар

Scroll To Top