Насловна / Вести / Изложба „Добро сум“ на Марија Конеска во „Концепт 37“

Изложба „Добро сум“ на Марија Конеска во „Концепт 37“

Вечерва во 20 часот во просториите на „Концепт 37“, ќе биде отворена изложбата „Добро сум“ на уметницата Марија Конеска.

Нејзиниот најнов проект под наслов „Добро сум“ е резултат на наградата добиена од Concept 37 на последниот саем на современа уметност Paratissima, Скопје.izlozba-predna-strana

На изложбата ќе бидат претставени 16 дела или 16 ликови кои секој од нас ги носи со себе.
Лицето е природен механизам кој зборува за нашиот емoтивен живот и воопшто за нас. Под кожата на лицето се наоѓаат точно 46 мускули со чии движења или позици ние сме во состојба да изразиме над 10000 изрази… Лутина, страв, гадење, изненадување, радост и тага, се шесте основни чувства на човекот и најчесто тие и најлесно ги препознаваме, но каков е нашиот лик кога се смееме кога нешто не ни е смешно само за да бидиме љубезни, лажеме за да ги задоволиме другите, глумиме дека сме среќни и тогаш кога не сме, ги криеме нашите вистински мисли, се фокусираме на работи кои не ги сакаме, зборуваме работи што не ги мислиме…?
Одбегнувањето да се каже вистината, по дефиниција, е лага! Што значи, вистинското прашање е каков е нашиот лик кога лажеме?
Според статистиките, просечно човек кажува четири лаги на ден или 1460 годишно; вкупно 87600 на возраст од 60 години, а најчестата лага е: Добро сум!!!
Предадени во еден фатен и фиксиран момент ја пренесуваат и променливоста т.е. динамиката соодветна на мислата.
Фактот што самата експресија е доволно силно пренесена, а за тоа придонесува и интервенцијата на платното, јасно се забележува психичкото и емотивно расположение.
Делата се поставени слободно во простор, без никакви ограничувања, без рамки и дополнителни интервенции, што овозможува експресијата да биде доминантна.
Марија Конеска има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности, УКИМ, Скопје, 2008 год. во графичкиот оддел на класата на проф. Зоран Јакимовски, и постдипломски студии на истиот факултет во сликарскиот оддел во класата на проф. Антони Мазневски.
До сега има остварено четири самостојни изложби и има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор.

Испрати коментар

Scroll To Top