Насловна / Вести / Изградбата на патот Градско – Прилеп ќе го заживее росоманско Сирково

Изградбата на патот Градско – Прилеп ќе го заживее росоманско Сирково

 

rosoman prilep
Изградбата на брзиот пат Градско – Прилеп ќе го заживее росоманското село Сирково кое ќе биде најблиску до оваа нова делница која е предвидена да се гради, рече денеска градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.

Поради изградбата на патот, појасни, малку е променет планот за комунална изградба во општината  и наместо реконструкција на предвидениот пат од Росоман кон селата Манастирец и Трстеник, прво ќе биде реконструиран патот кон селото Сирково, па потоа тој кој води до двете села.

Експресниот пат, според Лазов, треба да донесе и побрз развој на економијата на општината. – Брзиот пат кон Прилеп ќе се прави за да се подобрат сообраќајот и безбедноста при патувањето во овој дел на државата, каде не ретко се случуваат сообраќајни незгоди, наведе Лазов.

Експресниот пат Градско - Прилеп преку Росоман и Дреново ќе  биде во должина од 33, 5 километри. Ќе се гради во три дела. Првиот дел,од Градско до Росоман до клучката за Кавадарци, е  долг 16 километри, вториот ги опфаќа фаришката и дреновската клисура со должина од 10 километри и третиот од проширувањето кај Тројаци-Плетвар до влезот во Прилеп со 7,5 километри. Финансиите се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, од буџетот на Република Македонија и ИПА фондовите.

- Со изградбата ќе се стартува  во втората половина на оваа година и тоа најпрвин со вториот дел од делницата кој ги опфаќа клисурите, бидејќи тоа е најтешката фаза од проектот. Потоа ќе се гради првиот, па третиот дел, велат од  Јавното претпријатие за државни патишта.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top