Насловна / Вести / Истражување на германската компанија reBuy: Милиони евра лежат во отпадот од мобилните телефони

Истражување на германската компанија reBuy: Милиони евра лежат во отпадот од мобилните телефони

Дека во отпадот што го генерира потрошувачката електроника се крие вистинско богатство, не е веќе никаква новост. Последното истражување на германската компанија reBuy, уште еднаш ги поткрепува овие тврдења. Мисијата на таа компанија е да им даде нови сопственици на веќе користените уреди и така да го намали отпадот кој земјите го генерираат.  Во ова свое истражување најстојуваат да покажат колкава е вредноста што се крие во е-отпадот на 27-те земји членки на Европската унија. Овојпат фокусот бил ставен на мобилните телефони. Направеното рангирање покажува дека Шведска се однесува најрасипнички по ова прашање, односно има 1,34 мобилни апарати по глава на жител кои не се користат. Понатаму следува Финска со 1,29, па Велика Британија, Литванија и Естонија со по 1,24. Вкупниот број на некористени мобилни телефони во 27-те земји членки е проценета на 1,9 милијарди евра. Станува збор за вредноста на огромните количини првенствено на благородни метали вградени во овие апарати.

ewaste1

ewaste2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top