Насловна / Вести / Исклучувањето на осветлувањето во градовите прдизвика расправа – дали одлуката е исправна?

Исклучувањето на осветлувањето во градовите прдизвика расправа – дали одлуката е исправна?

Поттикнати од енергетската криза, градовите ширум Европа го исклучуваат осветлувањето. Додека Шпанија таквите мерки ги направи задолжителни, барајќи продавниците да го исклучуваат осветлувањео ноќе, на други места локалните власти тоа го прават доброволно, тврдејќи дека сега е добар момент за испробување на мерките за заштеда. Берлин ги гаси рефлекторите кои осветлуваат 200 историски згради и споменици, а голем број градови во Австрија, Германија и Италија го редуцирале уличното осветлување или ги гаси комерцијалните табли.

streetlight1

Во Франција, 14 општини северно од Париз испробуваат мерки за целосно исклучување на јавното осветлување ноќе. Локалните власти проценуваат дека исклучувањето на јавното осветлување по три и пол часа секоја ноќ, ќе помогне во нмалување на потрошувачката на енергија по овој основ за околу една четвртина. Ваквите мерки наидоа на поддршка кај активистите кои се борат против светлосното загадување и научниците, кои тврдат дека прекумерното вештачко осветлување има лошо влијание на човековото здравје и животната средина. Исклучувањето на осветлувањето е најлесна мерка бидејќи не бара никаков трошок и веднаш се исплати преку оставрените заштеди. Сепак, многумина се грижат дека оваа мерка ќе влијае врз безбедноста на градовите, иако видео надзорот продолжува да работи непрекинато. Имено, во некои делови од Франција веќе е утврдена корелација помеѓу исклучувањето ан јавното осветлување и пораст  на криминалот. Од друга страна, научниците долго предупредуваат дека светлосното загадување го нарушува биодизверзитетот и здравјето на луѓето.

streetlight2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top