Насловна / Арт и дизајн / Иновативна изложба на отворено во Њујорк

Иновативна изложба на отворено во Њујорк

Данскиот дизајнер Jeppe Hein, на изложбата на отворено во Њујорк, се претстави со својата колекција „Please Touch the Art“ составена од 18 индивидуални инсталации, меѓу кои се иновативни клупи за седење и различни конструкции од стакло. Инталациите се распоредени на површина од 35 хектари во Brooklyn Bridge Park па се до East River. Изложбата е финансирана од невладина организација во Њујорк за поддржување на уметноста, Public Art Fund.

Изложба-1 изложба-2 изложба-3

Самата поставка на изложбата ги поттикнува посетителите на паркот да бидат во интеракција со инсталациите, за разлика од изложбите што се случуваат во музеите кога посетителите ги набљудуваат уметничките дела од дистанца.

изложба-4 изложба-5 изложба-6

Инсталацијата од стакло е изработена од вертикални парчиња со различна висина, во кои се рефлектира њујоршката околина и пејзаж.

изложба-7 изложба-8 изложба-9 изложба-10 изложба-11 изложба-12 изложба-13

Испрати коментар

Scroll To Top