Насловна / Архитектура / Хотел како пинг-понг рекет!

Хотел како пинг-понг рекет!

Ping-pong hotel 1

Иако помина извесно време од објавувањето на идејата Кина да гради хотел во форма на пинг-понг рекет, што е дел од поголем тематски парк инспириран од спортски дисциплини, светот побрза да каже што мисли за оваа идеја. Поголемиот дел западни експерти, однапред ја осудија на пропаст оваа кинеска идеја, иако причината за тоа е традиционалната противречност на општествените системи. Но, знаејќи ја кинеската упорност и традиција, сосема е сигурно дека нешто интересно ќе се изроди.Ping-pong hotel 2

Спортскиот комплекс треба да чини 290 милиони долари и ќе биде лоциран во градот Хуинан. За волја на вистината, главната спортска арена ќе биде стадион во форма на американски фудбал, а освен него, ќе има и помали стадиони во форма на кошаркарска топка, ракомет, фудбал и одбојка. Секако, меѓу нив главна атракција е хотелот во форма на пинг-понг рекет кој веќе се гради! Ping-pong hotel 6.jpg

Собите ќе имаат прозорец кој ќе ја претставува нерамната површина на пинг-понг рекетот која вообичаено е обложена со гума, а на самиот врв ќе има и локација за набљудување од која посетителите ќе имаат широк и убав поглед best online casino на самиот град. Притоа, од вкупната сума, математиката покажува дека Пинг-Понг хотелот ќе чини над 45 милиони долари.Ping-pong hotel 5.jpg

Како главна атракција на тематскиот спортски парк, објектот за хотелот ќе биде со височина од 150 метри. Хотелот ќе биде во форма на исправен рекет, а дршката на рекетот е замислена како топ локација каде на врвот ќе има дек за набљудување. Пред самиот хотел, предвидено е кружно лоби во форма на пинг-понг топче, со што целиот објект ќе биде тематски креиран според намената.

Јин Чанг, директор на бирото за спорт на градот Хуинан, кажал дека самиот хотел ја одразува кинеската традиција во спортот, бидејќи е познато дека тие се експерти и шампиони во овој спорт, а од друга страна предвидува дека тематскиот парк ќе биде атракција во светот.Ping-pong hotel 4.jpg

Кина не е прва држава која се обидува да направи ваков тематски објект со необична форма и дизајн. Во 2007 година, во француската метропола Париз беше отворен гигантски рагби хотел во форма на рагби топка која го славеше Светскиот рагби куп. За него државата издвои четири милион долари, а денес, за да се преспие во овој уникатен хотел, една ноќ чини 10.000 долари. И Кинезите како нови претприемачи тргнуваат од таа комерцијална компонента, дека кога ќе стивне прашината, Пинг-Понг хотелот ќе биде предмет на посета и пари од љубопитен, комерцијален карактер.

Испрати коментар

Scroll To Top