Насловна / Вести / Hörmann ја презеде италијанската компанија Pilomat

Hörmann ја презеде италијанската компанија Pilomat

Реномираната германска компанија, презеде 70% од акциите на италијанската компанија Pilomat која произведува бариери за заштита од неовластено преминување на возила и камиони.

Со преземање на мнозинскиот удел во италијанската компанија Pilomat, германската компанија Hörmann влегува во нов сектор на пазарот што е тесно поврзан со нивната основна дејност, а тоа е производството на гаражни и влезни врати.pilomat

Италијанската компанија Pilomat, со седиште во Грасобио, во близина на Бергамо, е специјализирана за производство на мобилни и фиксни столбови за паркинг, како и патни бариери со кои се обезбедува ограничен премин на возила и камиони. Сите нивни производи се продаваат во целиот свет преку специјализирани продажни партнери.pilomat2

Christoph Hörmann пред групата Hörmann, на 28 декември 2016 година, потпиша договор за преземање на 70% акции на компанијата Pilomat, додека останатите 30% од акциите остануваат во сопственост на семејството Toffetti. Директорот на компанијата останува Bruno Toffetti, а компанијата ќе продолжи да работи под името Pilomat.

Испрати коментар

Scroll To Top