Насловна / Вести / Хакатон за развивање еколошки мобилни апликации

Хакатон за развивање еколошки мобилни апликации

Од денеска до 7 декември ќе се случува интерактивна работилница и хакатон за развивање мобилни апликации во полето на екологијата „ReFresh F5“, во организација на Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и инжинерство во Скопје.

Хакатон е на иницијатива на професорите и студентите на ФИНКИ и има за цел да ги донесе на едно место програмерите и активистите во областа на екологијата, каде што ќе може да се запознаат со еколошките проблеми со кои се соочуваме и да работат кон нивно креативно решавање.timthumb-php

Натпреварувачите во следните три дена во просториите на Регионалниот центар за социјални иновации ќе креираат свои мобилни апликации, под менторство од експерти од областа.

Настанот е организиран од Студентскиот парламент на ФИНКИ, со поддршка од ФИНКИ, Македонската секција на ИЕЕЕ, Регионалниот центар за социјални иновации, Програмата за развој на Обиденетите нации и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Испрати коментар

Scroll To Top