Насловна / Архитектура / „Групирани носачи“ кои заменуваат класични дрвени столбови

„Групирани носачи“ кои заменуваат класични дрвени столбови

Центарот Longfu Life Experience во кинеската провинција Хенан, обмислен е така да неговата намена константно може да се прилагодува на различни типови корисници, а не да се ограничи на само еден вид употреба. Но главната карактеристика на објектот, всушност лежи во неговата максимална одржливост и иновација, целата конструкција е потполно флексибилана. Објектот е изграден на барање на компанија која раководи со еко-фарми. Основните конструктивни елементи направени се од префабрикувани дрвени елементи кои собрани на едно место даваат посебен шарм.

7
DesignBoom пишува дека архитектите од кинескиот биро Luo Studiо имале неблагородна задача да го завршат целиот проект за помалку од два месеца, што и покрај сите предизвици успеале. Префабрикацијата на моделот значително го забрзала процесот на конструкцијата. Конечниот објект е со површина од 1.588 квадратни метри. Компанијата која ги изведувала работите е Puyang Jingyi.

8

2
Ценралниот простор на овој објект всушност има улога на продажен центар и го карактеризираат „групирани носачи“ кои заменуваат класични дрвени столбови. Овие групации, кои со изгледот потсеќаат на дрвја, проектирани се да можат да ја издржат целата тежина на конструкцијата над нив, но и лесно да се прилагодат на новите потреби на корисникот. Имено, објектот е замислен така да може било кој дел на конструкцијата да се замени, премести или преобликува според потребата.

5

9
Целата дрвена конструкција може во потполност да се демонтира и преобликува, а материјалите можат да се користат и за поставување на некои независни конструкции. На овој начин архитектите успеале да направат модел кој е апсолутно универзален и одржлив, токму така како што замислувале нивните клиенти.

6

3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top