Насловна / Вести / Грција и Романија најактивни во Југоисточна Европа на полето на климатските промени

Грција и Романија најактивни во Југоисточна Европа на полето на климатските промени

Грција и Романија се најактивни меѓу членките на Европска Унија во Југоисточна Европа по прашањето на климатските промени, додека Бугарија заостанува зад мнозинството земји на ЕУ. Ова се наведува во извештајот за примена на Европскиот зелен договор објавен од страна на организацијата ECFR (European Council on Foreign Relations). Грција го подржува Европскиот зелен договор, а напорите да се зголеми употребата на обновливите извори на енергија се сметаат за важна цел во оваа земја. Грчките политички партии главно се сложуваат дека постои потреба да се решава прашањето на климатските промени, иако некои од мерките на владата се насочени кон декарбонизација, како што се плановите да се затворат електраните на јаглен, понекогаш предизвикуваат спорења околу социјално-економските последици на зелената транзиција, се истакнува во извештајот. Главниот двигател на напорите на Грција за спроведување на зелената транзиција е економската криза, а земјата се надева дека транзицијата ќе привлече странски инвестиции. Меѓутоа, Грција исто така има амбиција да се наметне како лидер по прашањето на климатската акција на меѓународната сцена, наведува ECFR и потсетува дека оваа земја и германскиот производител на автомобили Volkswagen во моментот работат на пилот проектот „климатски неутрална мобилност на еден остров“. Во своите препораки за тоа како земјите можат да придонесат за позитивно влијание на Европскиот зелен договор, ECFR наведува дека Грција, доколку навистина сака да стане лидер на зелената транзиција, би требало да ги здружи силите со „помалку амбициозните“ земји, како што се Романија и Бугарија, кои имаат слични климатски предизвици. Тоа би можело да ги поттикне Романија и Бугарија да ги усвојат најдобрите практики во зелената транзиција и да се приклучат на Грција по прашањето на климатските иницијативи. Романската влада го перцепира Европскиот зелен договор како прилика да изгради еколошки поприфатлива економија, додека граѓаните генерално се свесни за предизвикот од климатските промени. Меѓутоа, исто како и во Грција, социјалните ефекти од мерките за напуштање на јагленот предизвикуваат контроверзи.  Во извештајот исто така се забележува дека Романија планира да ги унапреди интерконекциите со енергетските системи во регионот, како и дека нејзината географска положба и дава прилика за поврзување на црноморските земји, како Украина и Турција, со зелената транзиција која се спроведува во ЕУ.

ecfr1

Бугарија, каде користењето на јагленот најверојатно ќе продолжи и во наредните години, досега спроведуваше прилично конзервативна стратегија по прашањето на климатските промени, од страв дека зелената економска транзиција би можела да има негативно влијание на економијата, вработеноста и животниот стандард. Меѓутоа, благодарение на можностите кои ги отвора фондот на ЕУ за економско опоравување, оваа земја благо го промени курсот, па засега се планира зголемување на користењето на нуклеарната енергија и природниот гас, додека интегрираниот енергетски и климатски план предвидува изградба на над 2,5GW капацитет на обновливи извори на енергија до 2030. Во Словенија, амбициите по прашањето на климатската акција значајно се намалени по доаѓањето на новата влада во јануари 2020 година, бидејќи таа не гледа во Европскиот зелен договор прилика за економско опоравување, вели ECFR. Меѓутоа, Словенија би можела да ја превземе водечката улога во регионот, така што би го вградила Европскиот зелен договор во политиката на проширување на ЕУ, со оглед дека земјата ќе претседава со Унијата во втората половина на 2021 година.  Во Хрватска, климатската политика на ЕУ наидува главно на добар прием кај властите, граѓаните и медиумите, но кризата предизвикана од пандемијата, ја става оваа тема во втор план. Исто така, Хрватска континуирано доцни со усвојување и спроведување на клучните политики по прашањето на климатските промени, се истакнува во извештајот.

ecfr2

Испрати коментар

Scroll To Top