Насловна / Архитектура / Махтиг: Како го направив легендарниот „црвен киоск“

Махтиг: Како го направив легендарниот „црвен киоск“

Во целост го пренесуваме интервјуто на архитект Саша Махтиг дадено 2017 година за Ал Џезира.

Пред педесет години, ширум тогашна Југославија се појавија необични киосци и го променија поимањето на оваа форма на архитектура. Наместо мали, сиви, неугледни бетонски објекти, резервирани за продажба на весници и слични потребштини, се појавија модерни „пластични“ црвени киосци (имаше и други бои, но црвените најмногу се паметат и спомнуваат), заоблени и со големи стаклени површини. Беа лесно преносливи, а ако некому му требаше повеќе простор, го добиваше со поврзување на два или повеќе киосци. Можеа да имаат транспарентни настрешници, неонски натписи…

sss

Цвеќарници, продажба на брза храна, овошје, зеленчук, весници, ски-карти… се само некои од намените на овие киосци, па дури и по пет децении тие се присутни на балканските улици. Тие се особено популарни на Интернет каде се означени како „легендарни црвени киосци“.

1

Ги креирал Саша Махтиг, словенечки дизајнер, сега професор emeritus на Универзитетот во Љубљана. Во интервју за Ал Џезеира, тој зборува за создавањето на овој киоск, неговото вклучување во њујоршкиот Музеј на модерна уметност (МоМА).

ss

Пред пет децении, направивте нешто што го смени изгледот на улиците на поранешна Југославија, па и пошироко – Киоск К67. Како дојдовте на идеја да го направите овој повеќенаменски објект?

Се случија некои случајни работи, а Луи Пастер рекол дека среќата е наклонета само на подготвен ум. Јас бев наследник на реформираниот Б смер на студии на професорот Едо Равникар (1960-1966), кој го опишав во Ravnikar in design во Антологијата Hommage a Edvard Ravnikar (1907-1993). За професорот, кој „дизајнот“ во насловот не го преведе на словенечки во „обликување“, оригиналниот англиски термин поправилно ја изразува структурата на трансдисциплинарниот хибрид на хуманистичките, техничките и социјалните науки. Студијата „Design 69“ е порака за наследството на неуспешната реформа на студијата, која некако ја зачувавме во форма на нова студија за дизајн на Академијата 24 години подоцна.

6

Самата идеја беше од случаен разговор летото 1966 година, а кој даде поттик за експериментално решение за баналниот проблем за уредување на мојот град. Кога ќе погледнам наназад 50 и нешто години, се гледа дека експериментот доби долгорочна примена само затоа што имав среќа, во вистинско време и на вистинско место, да ги реализирам тогашните насоки за технолошки поддржана, експериментална индустриски обликувана архитектура.

Сè започна со непланиран разговор помеѓу Марко Шлајмер, Брацо Мушич и Марјан Коларич, кои при контрола на напредокот на мојот тогашен проект на летна „Европска кафеана“, со задоволство го свртеа кон другите теми за урбанизмот и архитектурата. Првиот урбанист на Љубљана започна разговор за збунувачката позиција на киосците и патната опрема во градот, со низок функционален и технолошки стандард. Сакаа да ја расчистат конфузијата со напредниот дизајн и изведба. Јас едноставно се обидов за тоа да пронајдам решение.  Решението беше во систематски пристап, модуларен дизајн на функцијата и конструкцијата при употреба на новите технологии и материјали, од кои дизајнирав основен вкрстен модул, како пункција на две цевки. Од основниот, развив збир од пет по должина ускладени просторни модули. Системот даваше неограничени можности за генерички структури.

nn

Потенцијалниот корисник беше познат од разговорите на комисијата, па затоа го направив основниот модул за потребите на минимален деловен, продажен или животен простор и одредив димензии 2,40 х 2,40 х 2,40 метри. Ова одговараше на потребите за широка употреба и типологиите на просторот за употреба во урбаните и другите средини. Дизајнот во модели од ПВЦ го претставив на Шлајмер и колегите, кои на прв поглед беа воодушевени. Исто така, добив поддршка за наоѓање инвеститор, а производителот веќе беше изведувач на проѕирен полиетерски волумен.

13

Потоа одеше само од себе, а јас секогаш се пренасочував, од големи урбанистички и архитектонски проекти, до нови комплексности на масовно производство на индустриски обликувана мала архитектура, расфрлана низ големата територија на Југославија, а потоа и во Европа и светот.

Поради успешните пропорции, до крајот на производството во 1990 година, продадовме речиси 7.500 единици, со вкупна површина од 40.000 квадратни метри. K67 одговараше на сплетот на деловна успешност, заедно со употребливоста, пожелноста, изводливоста и способноста да се преживее на пазарот.

11

Кои се беа неговите примени и дали Ви е познато во кои се земји во светот пристигна K67?

Богата архива пренесов во МАО (Државен музеј за архитектура и дизајн). Според документите, К67 поставен е прво во Љубљана, како киоск за весници и галантерија, за потоа да се прошири на прехранбената област, која има традиција на Балканот, а потоа, во тогашна Германија, во пешачките зони, центрите на градот каде се продаваа традиционални колбаси, за да бидат заменети со брза храна увезена од Америка.

Покрај традиционалната употреба на киосци, продажни и сервисни места, во јавноста капацитетот на системот K67 го разбуди интересот на пазарот и експлодираше кога станува збор за побарувачката, поради сите можни употреби на индустриски обликуваните модели за кои не е потребна градежна дозвола, мобилни се и им треба релативно мал простор за монтажа.

2

Купувачите мораа да чекаат во ред неколку месеци за испорака која е вршена по патишта, железници, вода, а на недостапните локации моделите некогаш ги носеше и хеликоптер.

Користењето во рамките на физичките граници беше речиси бесконечно, од туристички компании, продажба на билети, гаражи, фотокопирници, контролни пунктови на сообраќајната полиција, метеоролошки станици, слаткарници и цвеќарници, до приватни градинарски куќи и пчеларници. Можноста за постојана нова реупотреба доведе до изреката – „било каде, Махтиг насекаде“.

Беше успешен извозен производ, кој наиде на купувачи во Западна Германија, Франција, Швајцарија, Шведска, Полска, Чехословачка, Источна Германија, Советскиот Сојуз, Јордан, Ирак, Кенија, САД, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд…

3

Киоскот К67 е вклучен и во еден од најпрестижните музеи во светот – Музејот на модерна уметност (МоМА) во Њујорк. Дали тоа ве изненади?

Секако, во април 1970 година, ме развесели објавувањето на текстот „Low life for the street“ објавен со фотографија во боја преку целата страница, во тогаш сè уште претежно црно-белиот лондонски магазин „Design“. Неколку месеци подоцна, следеше повик од MoMA, K67 да биде вклучен во колекцијата на дизајни на 20 век. Ова беа две потврди дека производ со таков квалитет и изглед има потенцијал на светскиот пазар.

n

Бев загрижен за тоа како да ја искористам исклучителната деловна можност и да се подготвам да го подигнам технолошкиот и функционалниот квалитет на производот на конкурентните пазари ширум светот.

Потврдите за квалитетот на дизајнот се редеа една по друга. Наскоро се покажа дека општеството, тогашната Словенија и самата компанија не беа дораснати на предизвиците што ќе нè направат меѓу оние што го следат винилот меѓу предизвикувачите и лидерите. Како млад човек, имав нереални очекувања дека една компанија во североисточниот дел на Словенија ќе разбере што да прави и како да ги задржи можностите. Во 1981 година, фирмата ја прокоцка својата перспектива со апсурдни потези и до крајот на 1990 година, од ветувањето дека може да стане предизвикувач или лидер, падна на колена и банкротираше.

Досега никој не ги бараше причините за стрмоглавиот пад на компанијата.

15

Но, не сте познати само по ова дело. Можете ли да издвоите неколку решенија, производи кои се користеа, а и денес се користат во секојдневниот градски живот?

Целиот развој на патна опрема заснована на поттикот К67 продолжи до 1981 година, кога престанавме да соработуваме со IMGRAD. Го продолжив развојот со друг нарачател и производител. Ретроспективата во МАО ја покажува разновидноста на производите чија видлива карактеристика е чистата геометрија и пристапот кон решавање на нарачки во двојна улога, урбаниста и индустриски дизајнер.

Би ги навел примерите како што е системот настрешници на станиците (SPZ/Euromodul), модуларен систем награден со златен медал кој ги опреми станиците за јавен превоз во Љубљана и подоцна користен низ Словенија и Хрватска.

nnn

Euromodul беше вклучен во презентацијата на делата на 100 светски дизајнери на изложбата „Од лажица до град“ на Триеналето во Милано во 1984 година.

За дизајнот на системот SPZ/Euromodul, намерно избрав робусна и технолошки едноставна конструкција на метални столбови и конзоли од стандарден профил со поединечни модуларни елементи во составот на стреата и заштитно обложување на станиците. Се составуваат според потребите на патниците и во зависност од локацијата. Според Euromodul, во 2000 година развив нов модуларен, софистициран систем на станици MET3 и ги подобрив сите карактеристики на неговиот претходник. Каталогот нуди различни можности за избор на опрема: од заштита на патници, седишта и разновидна удобност, додавање на можни компатибилни функции под ист покрив, телефонска говорница, информативни елементи, продажен киоск и слично. Интегриравме и големи елементи за рекламирање во архитектурата. Сепак, не успеавме на тендерот.

z1

Еден од поголемите системи е ЕКОС, систем за корисно складирање на отпад, развиен и пуштен во употреба во 1983 година, но потоа згасна бидејќи владата не разбра дека ЕУ наскоро ќе ги принуди да се однесуваат доследно и да воведат складишта. Домашните пронаоѓачи беа заборавени, а се увезуваше странска далеку полоша технологија од сопствената.

Новиот производ во 1985 година беше вклучен во „Милано по Милано, од лажица до град“ во Малата галерија МоМА Љубљана, во галеријата Себастијан во Дубровник и Белград. Градоначалникот на Белград, харизматичниот архитект Богдан Богдановиќ, посвети посебно внимание на изложбата. EKOС беше изложен како дизајнерски успех во Вашингтон.

Многу производи, како на пример Жаба – 2, корпи за отпад, се уште се во употреба.

zab

На што работите последниве години?

Во последниве месеци го координирав поширокиот промотивен проект Slovenia Design Show Milano 2017, а фокусот ми е организација на меѓународната тркалезна маса „Design: a Matter of Change“на 5 април 2017 година во галеријата Сан Феделе. Тркалезната маса ќе се одржи по изложбата ‘Дизајн како капацитет за промена’, а ќе бидат изложени избрани дела од словенечки дизајнери кои обликуваат во дрво.

Најважната проектна цел сега станува исклучиво Систем К21 од прототип до пазар.

10

Ќе се фокусирам на имплементација и тестирање на прототип на мојот последен план, сеопфатен и за спроведување во дело најсложената цел, а тоа е повеќенаменски модуларен систем киоск за 21 век или систем К21. Веќе нема да биде киоск во својата класична форма, туку верзија што ги покрива сите потреби за живеење и работа со индустриски дизајниран модул, бидејќи одделните делови се составуваати надградуваат во структури од повисок ред, исто така и на кат. Новиот модел има биоморфна форма на 21 век.

Новиот модел ќе ги задржи сите веќе докажани карактеристики на неговиот претходник, како што се модуларност, склопување, повеќекратна употреба, лесен транспорт… Она што му дава предност во однос на конкуренцијата е мултифункционалност, прилагодливост, вградена мултимедијална технологија, енергетска независност со вградени фотоќелии и многу повеќе. Индивидуален киоск од 10 квадратни метри и двоен киоск од 20 квадратни метри се вистинските модели за престој со тоа да доставените делови бидат накнадно составени, по потреба.

17

Дали во сè, почнувајќи „од лажица до град“ (како што гласи една позната поговорка во архитектурата), естетиката, убавината и функционалноста се губат, а се гледа само заработувачката и профитот?

Да, Ernesto Rogers од познатото миланско студио BBPR во 1952 година напиша за работата на дизајнерите и архитектите на средновековната култура: „Обликувам лажица или светло и истиот ден работам проект за облакодер…“. На него не упати нашиот ментор пред првото патување по Италија во 1961 година. Кога минатата година го посетив Torre Velasca во Милано, од влезот во ходникот на облакодерот до становите на 19-ти кат, ме следеше тој херојски дух од педесеттите и шеесеттите кога го познавав лично.

14

Архитектите го совладале целиот спектар од лажицата до градот и со нив познатите занаетчии, каменоресци, столари итн. Сето ова го впивав со широки очи на патот од приземјето до становите. Истата сцена како Крањската скуштина на Равникар, хотелот Присанк во Крањска Гора на Лајович, до Љубљанска банка и Цанкарјев кои ги доживував за време на изградбата и во првите години на употреба. Првата енциклопедија за занаетчиски и индустриски можности беше пред нас и во нас. Тогаш нè обземаше еден вид (не)мир кога архитектот со соработниците требаше да измислат сè, од облакодери до рачки на вратите, убаво уредени sидови украсени со дрво пред лифтот, до каучот и малата франкфуртска кујна во стан.

4

Во кризата на сите кризи, време е да размислиме и да дејствуваме, да инсистираме на естетиката, убавината и функционалноста кои ги познаваме од нашето наследство, кои можеме во (не)мир да ги изнесеме на виделина и да заборавиме на оној магичен, измамнички збор „профит“ . Што е профит?

Профитот е европски patchwork кого Умберто Еко го интерпретира со зборови и прашање: „Што е јазик на Европа?“ и одговара: „Јазикот на Европа е превод“. И точка!

Извор: Ал Џезира

12

16

7

9

 

Испрати коментар

Scroll To Top