Насловна / Вести / Грција даде 14 аеродроми под концесија на германски „Фрапорт“

Грција даде 14 аеродроми под концесија на германски „Фрапорт“

Според програмата за финансиска помош на земјата, Грција даде 14 регионални грчки аеродроми на германскиот конзорциум „Фрапорт“.

„Фрапорт“ уплатиле 1,23 милијарди евра, а аеродромите ќе бидат под концесија во следните 40 години, во којшто период ќе се обезбедат уште 10 милијарди евра.Santorini_Airport

Од Европската комисија ја одобриле оваа спогодба, бидејќи истата не значи директна парична помош, а во исто време е транспарентна и е во согласност со пазарните услови.

Со овој договор се опфатени аеродромите во Солун, Миконос, Санторини, Родос, Крф, Закинтос, Кефалонија, Кос, Лезбос, Скијатос…

Испрати коментар

Scroll To Top