Насловна / Вести / Градови ширум светот го отстрануваат бетонот, асфалтот и коцките

Градови ширум светот го отстрануваат бетонот, асфалтот и коцките

Многу градови ширум светот го отстрануваат бетонот и коцките со кои се поплочени улиците, во настојувањето на решат два проблеми поврзани со живеењето во урбани средини. За што поточно се работи? Иницијативата за отстранување на бетонот и коцките постои веќе петнаесетина години, а оние кои ја промовираат наведуваат бројни добри влијанија врз жителите на градовите, меѓу кои и нивната безбедност. Идејата е потоа овие јавни површини да се уредат така што ќе се заменат со земја и ќе се засадат растенија. Отстранувањето на тврдите површини овозможува водата да продре подлабоко во почвата, што го намалува ефектот од поплавите во периодите на силни дождови. Ја помага појавата на т.н „сунѓерест ефект“ во градовите. Со зеленило и дрвја, се намалува ефектот на високите температури, а според некои ситражувања зеленилото поволно влијае и врз менталното здравје на граѓаните.

1_17

Во канадскиот град Хамилтон, во кварт кој бил прилично запуштен, групата Green venture започнала со поставување на мини – градини. Во овој град, полавите можат да предизвикаат мешање на канализациониот отпад со водата која се влева во езерото Онтарио, главниот извор за снабдување на градот со вода за пиење.  Но, прашање е дали властите кои се одговорни за планирање и развој на градовите ширум светот се свесни за оваа опасност. Градот Луфен во Белгија, ги отстранува бетонот и асфалтот во едно свое предградие. Планот е да се отстраната значајни количини асфалт од резиденцијалниот дел, а автомобилите ќе го делат патот со пешаците и велосипедистите.

1_19

Но, ваквите проекти мора да одговорат на потребите на сите жители. На пример за да се поддршат лицата со оштетен вид, или кои имаат проблеми со движењето, приоретизирани се делови од патот кој не с екористат и се остава простор на тротоарот од најмалку еден метар. Бетонските коцки кои остануваат се поправаат и се обновуваат со цел да нема нерамнини. Во Франција со цел намалување на ефектот на летните топлински бранови, предвиден е буџет од 500 милиони евра за озеленување на главниот град.

 

Испрати коментар

Scroll To Top