Насловна / Вести / Градоначалникот на Тирана е еден од хероите на урбаната мобилност во светот

Градоначалникот на Тирана е еден од хероите на урбаната мобилност во светот

Ерион Велиај, градоначалникот на Тирана, се најде во многу избрано друштво. Имено, тој е еден од 21 личности кои ја обележале минатата година кога станува збор за придонесот во решенија за одржлив сообраќај во градовите. Во публикацијата 21Heroes2021, подготвена од Иницијативата за трансформативна урбана мобилност (Transformative Urban Mobility Initiative – TUMI), лидери во оваа област се и Anne Hildalgo, градоначалничката на Париз,  Anies Basvedan, гувернер на Џакарта, но и Elon Musk, извршниот директор на компаните SpaceX и Tesla.

Како што е наведено во оваа публикација, сите овие херои постигнале успех во одржливата урбана мобилност, и поставиле темели за уште поуспешни и поодржливи иницијативи во 2021 година. Инаку, Иницијативата за трансформативна урбана мобилност е глобална иницијатива чии партнери се помеѓу останатите и германското Федерално министерство за економска соработка и развој, мрежата C40 која ги обединува светските градови во оваа област, UN Habitat и Азиската развојна банка.

21heroes1

21heroes2

Додека жителите на Тирана беа приморани да останат дома поради забраните за движење, нивниот градоначалник работел на остварување на идејата за одржлив град преку реализација на зелени проекти со цел крај на доминацијата на автомобилите. Имено, минатата година направено е проширување на тротоарите на сметка на паркинг просторот и поставени се 11 километри привремени велосипедски патеки (pop-up bike lanes). Инаку Велиај е избран за градоначалник во јуни 2015 година, и во текот на својот мандат реализирал многу активности со цел Тирана да ја достигне визијата за одржлив сообраќај и зелено урбанистичко планирање. Брзо по неговото стапување на функцијата, Тирана и Европската банка за обнова и развој се договориле заедно да работат на развојот на градската инфраструктура. со цел подобрување на заштитата на животната средина. Еден од резултатите на оваа соработка било усвојувањето на акцискиот план за зелен град во 2018 година. Еден од најважните проекти кој е во план е наречен Metropolitan Forest, и предвидува садење на 2 милиони дрвја.  Реизбран е за градоначалник во 2019 година, и продолжува со звоите заложби за зелен град.

21heroes3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top