Насловна / Вести / Град Скопје: Новиот забавен парк ќе се протега на истата површина како и досега

Град Скопје: Новиот забавен парк ќе се протега на истата површина како и досега

Новиот забавен парк ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се зазема и уништува зеленило во Градскиот парк, реагираат од Град Скопје по објавата во некои медиуми дека ќе се уништува поголем дел од зеленилото во паркот.

Од Град Скопје појаснуваат дека на конференција јавно и транспарентно ги објавиле плановите за новиот забавен парк, содржината и динамиката на неговата изградба.zabaven-park

„Апелираме до сите медиуми за сите прашања поврзани со кој било проект кој е во надлежност на Градот Скопје, да се обратат до нас за да се избегнат вакви ситуации. Дополнително, апелираме до сите медиуми да бидат внимателни при изборот на извори од кои пренесуваат информации, бидејќи во изминатиов период се соочуваме со зачестена појава на т.н. „лажни вести“, кои во потрага на поголема читаност и популарност, објавуваат спектакуларни и сензационалистички натписи кои се направени непрофесионално, не ги почитуваат правилата и стандардите на професионалното новинарство и се полни со лажни и тенденциозни информации“, се вели во реакцијата.

Испрати коментар

Scroll To Top