Насловна / Вести / Годишната изложба на ликовните уметници ќе биде поставена во Мала станица

Годишната изложба на ликовните уметници ќе биде поставена во Мала станица

Денес (26 декември), во 19.30 часот, во објектот „Мала станица“, Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) во соработка со Националната галерија на Р. Македонија, ќе ја отворат „Годишната изложба на ДЛУМ“ на . На изложбата ќе се претстават 70 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.годишна изложба

„Несомнено дека годишните или ревијалните изложби на македонските ликовни уметници отсекогаш претставува голем културен настан во нашата средина. Затоа тие изложби се значајна состојка од летописот на нашата ликовна уметност. Еден аргумент е непобитен: дека нема македонски ликовен уметник кој не учествувал на тие ревијални изложби, почнувајќи од првата таква изложба во далечната 1945 година, па се до денес. Друштвото за да ја задоволи желбата на сите членови еднаш годишно да ги изложат своите дела на заеднички настап, без критериумот на селективност. Впрочем, на тој начин се враќа една убава пракса, кога секој уметник, член на ДЛУМ всушност станува арбитар за себеси, а истовремено ја превзема и целата одговорност и ризик на излагањето. Тоа секако ја зголемува самокритичноста, таа врвна доблест на старите мајстори“, се наведува во соопштението на ДЛУМ.

И оваа година од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ќе се доделат неколку наградата и тоа за сликарство, скулптура и нови медиуми.

Испрати коментар

Scroll To Top