Насловна / Вести / GGF и одобри на Охридска банка 10 милиони евра за кредити во обновливи извори и енергетска ефикасност

GGF и одобри на Охридска банка 10 милиони евра за кредити во обновливи извори и енергетска ефикасност

Фондот за зелен развој (GGF), и одобри на Охридска банка втора по ред кредитна линија, во износ од 10 милиони евра, за кредитирање на проекти од областа нa обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Кредитната линија ќе поддржи мерки и проекти од кои се очекува да придонесат за годишна заштеда на примарна енергија од околу 26.330MWh и намалување нa емисијата на CO2 од приближно 7.270 тони.

„Со големо задоволство соопштуваме дека ја продолжуваме соработката со GGF. Енергетската ефикасност има и економски и еколошки бенефити, а со оваа поддршка во финансирањето, ќе продолжиме со активностите кои се во согласност со нaшата политика за одржлив развој и заштита на животната средина. Го препознавме еколошкиот потенијал на овој вид проекти и веруваме дека ни претстои уште една успешна приказна. “ велат од Охридска банка .

EnergyEfficiency1

 

Испрати коментар

Scroll To Top