Насловна / Вести / Францускиот математичар Седрик Вилани ќе одржи предавање во МАНУ

Францускиот математичар Седрик Вилани ќе одржи предавање во МАНУ

Францускиот математичар Седрик Вилани денеска ќе одржи предавање на тема „Уметноста и математиката“ во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Вилани е член на Француската академија на науките и уметностите, професор на Универзитетот во Лион, директор на Институтот Анри Поенкаре и добитник на престижната награда Филдс во 2010 година.matematika umetnost

Предавањето на Вилани го организираат Францускиот институт во Скопје, Универзитетската агенција на франкофонијата и МАНУ.

Вилани е роден е во 1973 година во Брив Ла Гајард, а студиите ги завршил на високата универзитетска школи École Normale Superieure во Париз. Денес, тој е професор на Универзитетот Лион 1, каде што држи предавања и истражува.

Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои наградата „Луј Арман“ во 2001 година, „Пеко-Вимон“ во 2003 година, наградата за најдобар предавач од Меѓународниот конгрес на математичарите во 2006 година, наградата „Жак Ебран“ во 2007 година и Филдсовиот медал, најпрестижната награда во математиката.

Член е на уредувачкиот одбор на Inventiones Mathematicae, на Списанието на функционална анализа, Весникот на математичка физика и Весникот на статистички физика.

Негови главни теми на истражување се кинетичката теорија и оптимален транспорт и негова примена, област во која тој напишал две референтни книги: „Тематики во оптималниот транспорт“ (2003) и „Оптимален транспорт, некогаш и денес“ (2008). Автор е, исто така, и на делата: „Жива теорема“ (2013) и „Куќата на математиката“ (2014).

Испрати коментар

Scroll To Top