Насловна / Архитектура / Fold House – скриена во топографијата на теренот

Fold House – скриена во топографијата на теренот

Fold House е резиденцијален имот во Хамилтон, држава Онтарио, Канада, кој со својата брановидна дрвена и челична конструкција „се вовлекува“ во контурите на падината. Двоспратната резиденција, проект на архитектонското биро „Partisans“ со седиште во Торонто, скриена е во топографијата на теренот, а павилјонот на базенот е вграден во долниот дел од ридот со лизгачка стаклена фасада долга 25 метри, која овозможува зачудувачки поглед. Брановидната структура прикрива челични греди долги 27 метри, кои создаваат конзолна настрешница, правејќи го предниот дел на павилјонот да изгледа како да лебди.

7

n

На фасадата и во ентериерот користено е дрво свиткано со  компресија, занатска техника, која обично се користи за мебел и музички инструменти, и ретко се применува во овие размери. Покривот има значителна брановидна закривеност која визуелно го привлекува погледот од надворешната страна на објектот, како и од внатрешната страна на базенот. Отвора простор за каскадни надворешни челични скали и создава скулптурен наклон во дабовиот плафон над базенот.

1

2

Со цел да се минимизира влијанието врз животната средина и да се почитуваат прописите, извршено е 3Д скенирање за да попрецизно да се позиционира конструкцијата. Зелен кров дополнително ја замаглува разликата помеѓу објектот и пејзажот. А со цел да се зголеми сончевата светлина во тек на целата година и да се намали топлината на сонцето во лето, прозорците се структурирани во форма на шаховска табла долж објектот, додека во просторот со базенот поставена е стаклена лизгачка врата над која има настрешница.

5

6

3

8

9

10

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top