Насловна / Вести / Фиренца ја оживеа средновековната традиција на продавање вино низ мали прозорци

Фиренца ја оживеа средновековната традиција на продавање вино низ мали прозорци

Поради пандемијата, угостителите во Фиренца се вратија на средновековното послужување вино преку прозорец. Многумина оваа долгогодишна традиција типична за Тоскана ја доживуваат за прв пат. Креативните сопственици на ресторани и барови нашле начин да го одржат своето работење, но и духот на градот. Здружението “Вински прозорци на Фиренца“ вели дека мноштво вински прозорци ширум градот сега се отворени, и служат вино, но и кафе и други пијалоци. Овие прозорци некогаш се користеле за продажба на вишокот на вино на населениео од пониската класа.  Иако многу од некогашните вакви прозорци пропаднале, сепак денес  сеуште постојат околу 150, и тоа само внатре во ѕидините на Фиренца, а во регионот се многу повеќе. Сега некои од нив се повторно отворени и овозможуваат послужување на социјално прифатлив начин, односно со задолжителната дистанца.

Интересно е дека ова не е прв пат Италијаните да ги користат овие прозорци за запирање на ширење на зараза. Додека во 1630 година низ Италија пустошела чумата, продавачите на вино ја разбирале важноста на изолацијата, па овие прозорци и тогаш биле користени. Наместо директно да ги земаат парите од купувачите, тие пружале метална лажица која редовно ја дезинфицирале со оцет.

florence1

florence2

florence3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top