Насловна / Вести / „Фантазмагорија“ на Јана Куновска во галерија на Кинотека на Македонија

„Фантазмагорија“ на Јана Куновска во галерија на Кинотека на Македонија

Во галеријата на Кинотека на Македонија, од 5 до 13 декември, ќе бидат изложени 15 дела (во комбинирана техника, масло и цртеж, големи формати) од изложбата со наслов „Фантазмагорија“ на академската сликарка Јана Куновска.јана куновска

Место класична ликовна рецензија, во најава на изложбата на сликарката Јана Куновска, што ќе биде отворена на 5 декември, во 20.30 часот, пренесуваме една песна од Владо Манчевски, со наслов „Фантазмагорија бр. 1“:

Има еден пат што води кон Месечината
Поплочен е од безброј воздишки
Сеќавања кои патуваат од искон
Сите го минале еднаш патот ова сновидение
Притоа заборавиле да и запеат неа, за да не ги извештери
Хосана…
Таа има моќ која што единствено мртвите ја препознаваат
Навечер додека сите животни мируваат и криците долж џунлите исчезнуваат
Кога канџите на Месечината продираат во месото на светот
Тогаш сите очи се вперени кон темното небо
Над нас е таа, Месечината
Која е следната жртва на предаторот?
Зелен ангел што слика по пат
Седнува па се излежува како паднат љубовник на карпите
Тој е совршен во телото и делата
Скока по планините
Минува низ ѕидовите
Како ноќен гуштер закачен на ченгел
Се извиткува во круг околу себе
А ти со црно срце покажуваш кон небото
Му шепотиш на големото дионисиевско уво
Развратничке! Чукаш по тапаните на сладострастието
Исправена како менхир
Па говориш, непрестано нешто говориш
Ми се допаѓа како говориш
Сега не сум твојатата Хошана
Инаква сум…
Во канџите на орлите секогаш победува правдата
Кој ќе не извади од поразот што секојдневно не демне?
Реките вавилонски од кои непрестано се излеваат сништа
Уморните очи што заспиваат од испарувањата на прецизните машини
Лебдеењето врз ветрот
Широко раширените крилја
Погледот вперен кон планината
Повторуваш:
Јас не сум твојата Хошана
Ќе те ослободам од себе

Испрати коментар

Scroll To Top