Насловна / Архитектура / Фантастичен проект на куќа што „расте од шума“

Фантастичен проект на куќа што „расте од шума“

Се поголем е бројот на луѓе кои се одлучуваат да живеат во природата, или барем на безбедно растојание од градската врева. Еден од најинтересните примери на архитектонски проекти кои се занимаваат со такви барања ни доаѓа од Мексико.куќа што расте од шума_6

Познатата мексиканска архитектка Татјана Билбао за семејство од градот Монтереј дизајнира куќа Ventura House која се наоѓа на рид со поглед на градот.куќа што расте од шума_7

Куќата е целосно опкружена со дрвја и густа вегетација, заради што Билбао ја замислила куќата како еден вид на продолжеток на шумата. Поточно, таа сакала да се постигне ефектот на објект кој „органски расте од шумата“. Ентериерот е декориран во современ минималистички стил, а материјалите што доминираат се бетон и дрво. Овие „студени“ материјали се „омекнати“ со голема количина на природна светлина која достигнува до сите простории, но исто така и со прекрасниот поглед.куќа што расте од шума_5 куќа што расте од шума_4 куќа што расте од шума_3 куќа што расте од шума_2 куќа што расте од шума_1

Испрати коментар

Scroll To Top