Насловна / Вести / ЕУ и одобри на Албанија 100 милиони евра за обнова по земјотресот

ЕУ и одобри на Албанија 100 милиони евра за обнова по земјотресот

На 17-ти јули, Европската Комисија усвои пакет вреден 100 милиони евра за обнова на Албанија од последиците од земјотресот во ноември 2019 година. Тие средства се дел од пакетот од 115 милиони евра, колку што Комисијата вкупно и вети на Албанија на Меѓународната днаторска конференција „Заедно за Албанија“ одржана во средината на февруари. Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархељ изјавил дека со ова Европската Унија ја исполнува својата обврска кон Албанија да помогне во реконструкцијата после земјотресот, исто како што ја поддржа земјата и во борбата со последиците од корона кризата.

Новоусвоената програма ќе биде насочена во одновата на образовните институции, како и обновата на оштетеното културно наследство, вклучувајќи ги библиотеките, музеите и археолошките локалитети.

Drapeaux Berlaymont

albania3

 

Испрати коментар

Scroll To Top