Насловна / Вести / ЕУ го зголемува бројот на лаборатории за испитување на емисиите на возилата

ЕУ го зголемува бројот на лаборатории за испитување на емисиите на возилата

Европската Комисија, во Италија ќе изгради две додатни лаборатории кои ќе спроведуваат испитувања на емисиите на возилата, пред нивно пуштање во сообраќај. На тој начин ќе се проверува и контролира сообразноста на возилата со прописите за максимално дозволените емисии.  Лабораториите ќе бидат сместени во еден од истражувачките центри на Европската Комисија, односно во JRC (Joint Research Center) во италијанскиот град Испра, каде во име на Европската Комисија ќе се спроведуваат проверките во рамките на новата европска рамка за одобрување. Ќе се споредуваат емисиите и во лабораториски, но и во реални услови во сообраќајот. Проверките ќе ги опфатат и потрошувачката на гориво, сопирачките и безбедноста нa патниците. Новите лаборатории, освен досегашните четири, ќе започнат со тестирање на возила во 2020, кога ќе стапат на сила новите прописи за посигурни и почисти возила. Комисијата ќе спроведува проверки на пазарот, независно од државите членки, а ќе има право да изрекува казни и до 30.000 евра по возило.

01.jpg

Oct 29 2015 European Interoperability Center

JRC3

Испрати коментар

Scroll To Top