Насловна / Вести / Енергетски ефикасен дом во скопскиот Менхетен!

Енергетски ефикасен дом во скопскиот Менхетен!

Капитол Резиденс е вистинска и паметна инвестиција бидејќи во круг од 500 метри на комплексот има неколку училишта и градинки, банки, полициска станица, здравствени домови, црква, детски парк, пошта и пазар, што го прави овој комплекс мулти-конектиран со сите основни потреби на неговите станари.

energetski-efikasen-dom-vo-skopskiot-menheten-1

За оние што знаат да препознаат квалитет и единствен концепт на живеење, Капитол Резиденс е единствената вредна опција со која си го поедноставуваат животот и си овозможуваат секојдневна лагодност и многу можности што ги нуди соседството.

На самиот булевар „Јане Сандански“ над трговскиот центар Капитол Мол, во епицентарот на урбаната зона во општина Аеродром, Капитол Резиденс е вистинско место за живот. Она што го прави исклучителен, освен идеалната локација е и функционалноста и иновативноста во изградбата, со што станарите дополнително заштедуваат, бидејќи во него се вградени сите современите технички решенија за заштеда на енергија.

Капитол Резиденс се наоѓа на неполни 200 метри од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ или околу 400 метри од другото основно училиште „Љубен Лапе“. На само 100 метри е детската градинка „Лале“, а во круг од околу 300 метри се и други две градинки „Бамби“ и „Чекорче“.

energetski-efikasen-dom-vo-skopskiot-menheten-2

Во дијаметар од 500 метри се и полициска станица, здравствени домови, речиси сите експозитури на банки, црква, детски парк, пошта, пазар, спортски центар, а на самиот излез од Капитол Мол е и автобуската постојка на 5, 15, 15А, 3, 23 кои гравитираат кон центар, и 35 која оди кон Бит-пазар.

Капитол Резиденс се одликува со високо ниво на енергетска ефикасност и завршни градежни работи, а на располагање се:

  • 72 ексклузивни станови, студио тип или станови со 3+1 простории
  • Беспрекорна звучна и топлотна изолација
  • Ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада
  • Алуминиумски прозорци и врати со термо мост
  • Трослојно 4-сезонско стакло со минимален коефициент на губење на топлина
  • Затоплување и ладење со фенкојлер единици
  • Сигурносна влезна врата
  • Бањи со подно греење
  • Бесплатнo паркинг местo
  • Пространи тераси
  • 6 лифтови

Капитол Резиденс е наменет за луѓе кои сакаат удобен и современ живот, но сакаат и да живеат во енергетски ефикасен простор. А заради недостатокот на слободно време, понудата на продавниците во Капитол Мол со над 50 модни брендови е вистинска драгоценост. Тука е и супермаркетот Рамстор, фитнес центар, игротеки, книжарници, менувачница, сервис за миење возила, куглана и многу ресторани и кафулиња. На кратко, да живеете во Капитол Резиденс,  значи да ја смените филозофијата на живеење!

Испрати коментар

Scroll To Top