Насловна / Вести / Енергетска недела на Западен Балкан 2024

Енергетска недела на Западен Балкан 2024

Во Црна Гора, на 9-ти и 10-ти октомври се одржува конференцијата под името „Енергетска недела на Западен Балкан 2024“. Станува збор за значаен настан кој собира над 250 донесувачи на одлуки, вклучувајќи ги државните органи и лидерите од приватниот сектор од земјите на Западен Балкан и Хрватска.

Бројните дискусии опфаќаат актуелни теми од секторот обновлива енергија во Западниот Балкан со цел заедничко креирање на зелената транзиција во регионот. Панелистити ги анализираат стратегиите за регионална интеграција, преминот од фосилни горива на обновливи извори на енергија, зголемување на отпорноста на енергетските мрежи, пазарните предизвици и уште многу теми клучни за енергетската транзиција на овој дел од Европа.

 

Испрати коментар

Scroll To Top