Насловна / Вести / ЕЛЕМ: Нема да дозволиме прекумерно испуштање вода од Охридско Езеро

ЕЛЕМ: Нема да дозволиме прекумерно испуштање вода од Охридско Езеро

Повеќе нема да се испушта вода во големи количини од Охридското eзеро за производство на електрична енергија, изјави денеска во Охрид генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски. Тој рече дека во претстојната грејна сезона не се очекуваат проблеми во производството на електрична енергија, посочувајќи дека ремонтот во РЕК Битола ќе биде завршен до ноември кога во функција ќе бидат сите три блока. За сметка на тоа нема да биде зголемено испуштањето на Охридското Езеро за производство на електрична енергија, уверуваат од компанијата.ezero

Првиот човек на ЕЛЕМ информираше дека работна група работи на ревизија на минималната кота од 693,17 метри надморска висина на Охридското eзеро утврдена пред повеќе од 60 години, што треба да придонесе да се избегнат големи осцилации на езерото заради производство на електрична енергија, што негативно се одразува како на живиот свет така и на градбите во крајбрежјето.

Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро е четири сантиметри над минималната кота, односно 12 сантиметри под просекот за месец септември.

Испрати коментар

Scroll To Top