Насловна / Вести / Електричен автомобил од рециклиран отпад

Електричен автомобил од рециклиран отпад

Група од 22 студенти од Холандија успеале да направат целосно функционален електричен автомобил користејќи пластика извлечена од океанот, рециклирани пластични шишиња и отпад од домаќинство.

avtomobil

За овој труд да вроди со плод, студентите поминале 18 месеци, а на крајот се родил специфичен светло-жолт електричен автомобил, кој го нарекле Лука (Luca).

Според студентите кои учествувале во проектот, 2,1 милијарди тони отпад се фрлаат секоја година во Холандија, поради што тие сакале да им покажат на луѓето дека не е потребно и дека целиот тој материјал, кој обично се фрла, може да биде многу вреден.

Автомобилот Лука има две седишта и е целосно функционален, а сега е на улиците на Холандија, се наведува на порталот Клима 101.

Максималната брзина што може да ја достигне е 90 километри на час, а кога батеријата е целосно наполнета може да помине околу 220 километри, по што е потребно повторно полнење.

avtomobil2

Користениот материјал е исто така интересен. Школката за автомобилот е изработена од тврда пластика што е одвоена од фрлени телевизори, кујнски апарати и играчки, додека седиштата се направени од кокос и коњско влакно.

“Се повеќе и повеќе автомобилски компании користат отпад или био-базирани материјали за да направат ентериери за автомобили, но ние сакаме да покажеме дека е можно да се направи шасија од вакви материјали, а не само внатрешноста“, вели членот на студентскиот тим Матијас ван Вијк.

 

Испрати коментар

Scroll To Top