Насловна / Вести / Еко бригада за чист Центар

Еко бригада за чист Центар

Oд денес улиците, тротоарите, патеките  и велосипедските патеки во општина Центар ќе бидат почисти.

Хигиената ќе се одржува со седум машини. Градоначалникот Андреј Жерновски на прес конференција  ја промовираше  Еко бригадата за чист Центар.Eko brigada - O. Centar (5)

„Со децении, нехигиената беше еден од најголемите проблеми во Центар. Седум возила оваа недела ќе ги чистат улиците. Ќе се користат еколошки и ароматизирачки средства за миење. Граѓаните ќе можат  на телефон да пријавуваат улици и места каде треба да исчистат возилата.  Бројот  ќе биде во мојот кабинет за да можеме да допреме и да ги чистиме и оние места кои досега биле ретко или воопшто не биле чистени, во близина на домовите на граѓаните или пак прикриени локации кои не биле третирани.Од денеска, по дојава од граѓаните, сите овие локации ќе бидат исчистени од нашите служби“, рече градоначалникот Жерновски.Eko brigada - O. Centar (4)

Општина Центар ангажираше  голема цистерна од 8  метри кубни за миење на улиците, специјално возило со капацитет од 3 метри кубни за собирање на сметот на пешачки и други патеки за интеревентни и сезонски активности, зглобна цистерна од 1 метри кубни за миење на тротоарите и вело  – патеките, метачка или шмит машина за метење на улиците и патеките и други асфалтирани површини  со четки за усисување на прашината и собирање смет на тротоарите и патеките  и улиците, две сезонски машини една за вшмукување на лисја во определени годишни времиња и специјално возило за одржување на патеки во зимски период.Eko brigada - O. Centar (3)

Набавката е преку фирма, и ангажирањето на оваа механизација ќе чини до девет милиони денари за девет месеци, значи до еден милион денари месечно во зависност од сработеното.

Достапни се и резервни возила за брза и ефикасна интервенција интервензија кога ќе има зголемена потреба и во периодите од годината кога улиците повеќе се валкаат.Eko brigada - O. Centar (2)

Општината се  обврзува дека ниту еден дел од Центар нема да им избега на водата и четките од машините кои од денес стартуваат со чистење, тоа значи чист Центар дење и ноќе, на цела територија, 365 дена во годината.

Испрати коментар

Scroll To Top