Насловна / Архитектура / Еден од најголемите енергетски проекти во Австрија: Потрошувачката на енергија ќе биде помала за 50%

Еден од најголемите енергетски проекти во Австрија: Потрошувачката на енергија ќе биде помала за 50%

По повод 50 годишнината од станбениот комплекс Allt-Erlaa во Виена, стартуван е еден од најголемите проекти за енергетска санација на згради во Австрија, со кој во наредните години ќе биде модернизирана комплетната зграда и прилагодена на современите стандарди на домувањето.

Allt-Erlaa веќе со децении важи за едно од најпознатите обележја на социјалната изградба на станови во Виена, а денес во овој комплекс живеат околу 9.000 жители. Новиот проект има за цел унапредување на енергетската ефикасност, намалување на емисиите на CO2, како и подобрување на квалитетот на домувањето. Во фокусот на работите е замена на околу 24.000 прозорци, како и врати на терасите. Со санацијата ќе бидат опфатени вкупно 3.182 станбени единици. Покрај тоа, планирани се и обемни работи на фасадите и дополнителна термоизолација. Вкупната површина која ќе биде опфатена со проектот изнесува околу 103.000 квадратни метри. Според проценките на градските власти, по завршувањето на работите, потребата од греење би можела да биде намалена за дури 50%, што претставува значаен придонес во заштедата на енергија и заштитата на животната средина.

Комплетниот проект би требало да биде завршен до крајот на 2028 година, а освен санацијата на објектите предвидена е и идна модернизација на системот за греење согласно еколошки прифатливи решенија. Со тоа, Allt-Erlaa не само што обележува 50 години постоење, туку влегува во нова, модерна ера, на енергетски ефикасно и одржливо домување, по што Виена веќе со години е пример за многу европски градови.

Испрати коментар

Scroll To Top