Насловна / Вести / Студенти од Градежен факултет, на практична настава во АДИНГ (видео)

Студенти од Градежен факултет, на практична настава во АДИНГ (видео)

Градежен факултет-Скопје во соработка со Адинг, организираа практична настава за студентите на 20.04.2026 во ЦЕА, Центар за Едукација Адинг.

Под работно име „СО ГРАДЕЖНА ФИЗИКА И АДИНГ МАТЕРИЈАЛИ, ДО ОДРЖЛИВИ И ДОЛГОТРАЈНИ ОБЈЕКТИ“, настанот беше поделен на два дела, краток теоретски дел и вовед во материјалите и потоа пренесување на практични, апликативни искуства за студентите.

Целта беше,  да се поддржат сегменти од наставната програма, која во моментот ја изучуваат на Катедрата за механика и материјали, кај тимот на Проф. д-р Тодорка Самарџиоска.

Разработени теми:

– Изведба на цементна хидроизолација
– Лепење на керамика со водонепропусни лепила
– Фасадни материјали и системи за градба

Од компанијата АДИНГ велат: „Редовната соработка на компаниите и факултетите е заедничка одговорност кон идните генерации. Од реакциите на студентите, само можеме да кажеме дека имаа огромен предизвик и беа целосно ангажирани”.

*Комерцијален текст

 

Испрати коментар

Scroll To Top