Насловна / Архитектура / Џамијата Hassan II во Казабланка: Највисокото минаре во светот со француски потпис

Џамијата Hassan II во Казабланка: Највисокото минаре во светот со француски потпис

Казабланка – еден од бисерите на Медитеранот, стекна светска популарност преку истоимениот култен филм снимен во 1942 година. Продуцентите веројатно не ни помислувале дека обидувајќи се да прикажат љубовна приказна во вртлогот на борбата против нацизмот, ќе создат ненадминлива филмска класика. Меѓу другото, благодарение и на филмот, чија  реплика „Свири го тоа повторно Сем“ и денес е општо позната, Казабланка станува еден од главните туристички адути на Мароко.хасан казабланка (4)

Пристанишниот град има одлични конекции со остатокот од Африка, километарски долги јавни плажи, но го има и најголемиот шопинг мол на континентот. Сепак, од пред дваесетина години, Казабланка станува уште поатрактивна дестинација поради една монументална градба која доминира во панорамата на градот. Hassan Ii Mosque, Detail

Станува збор на џамијата Hassan II, една од најголемите и најубави џамии во глобални рамки која има највисоко минаре во светот. Издигнувајќи се над океанот, изградбата на храмот ја иницирал кралот Hassan II на 9 јули 1980 година (роденденот на кралот) како своевидна негова задужбина, а комплетно била завршена во 1993 прокнижувајќи огромни трошоци и ресурси во материјали и број на работници (35.000 работници, 50 милијарди работни часови).  Проектот е дело на францускиот архитект Michel Pinseau (1926-1999),  кој дипломирал на престижната Ecole Nationale Superieure des Beaux Arts во 1956 година и имал среќа да твори во периодот на т.н „30 златни години“ кога во Париз имало огрома потреба од деловен и резиденцијален простор.хасан казабланка (3)

Неговото познатство со мароканскиот крал кој дошол во седиштето на УНЕСКО да бара финансии за ревитализација на старите заштитени градби првенствено во Фес, драматично ќе ја смени неговата кариера. Оди во Мароко како кралски архитект, соочувајќи се со три предизвици односно проблеми. Прво, тој имал задача да работи на заштита на историските објекти во Фес, вклучувајќи ја тука и најстарата медина во Африка и водниот часовник од 14тиот век, второ –  старото јадро на Фес било во опасност од брзорастечката популација, па морало да се изгради нов резиденцијален дел на градот на нова локација, и трето и можеби најпроблематично – големите амбиции на кралот да остави свој белег во архитектурата на земјата.хасан казабланка (5) хасан казабланка (6)

Кралот сакал да покаже престиж и моќ пред светот низ изградба на нови објекти, а бил добро запознаен со потезите на француските претседатели Pompidou и Giscard d’Estaing кои на сличен начин си обезбедиле место во историјата. Како кралски архитект, Pinseau изработил урбанистички планови за квартови во Фес, Казабланка и Маракеш, а проектирал и кралска резиденција во Агадир. Во 1992 година тој е автор на Мароканскиот павилјон на Светската изложба во Севилја.хасан казабланка (7) хасан казабланка (8)

Сепак, неговото најпознато дело е токму џамијата Hassan II денес позната како едно од модерните чуда на исламскиот свет. Изградбата започнала во јули 1986 година и планирано било да се заврши во 1989 во чест на 60-тиот роденден на кралот, но изградбата се оддолжила до август 1993 година. Се проценува дека изградбата чинела 800 милиони УСД, а финансирањето во значителен дел било обезбедено од донации од самите верници. Кралот сметал дека сите Мароканци треба да учествуваат во финансирање на изградбата, водејќи се од изреката на пророкот: „За оној кој на земјата гради храм во чест на Алах, Алах ќе му изгради дом во рајот“.хасан казабланка (9)

Речиси сите материјали вградени во објектот се од Мароко, со исклучок на увезениот бел гранит и мурано стакло од Венеција.  Мермерот е од Агадир а дррвото од кедар е обезбедено од планината Атлас. Преку 6.000 мајстори занаетчии и уметници од Мароко биле ангажирани во обликувањето на овие материјали со декорации (мозаици, резби во камен и дрво и сл.) кои ја обвиткуваат целата структура на објектот. Кога крајниот рок за изградба бил пробиен, околу 1.000 од овие искусни мајстори работеле и ноќна смена.хасан казабланка (11)

Грандизониот објект и опкружувањето имаат навистина спектакуларни димензии. Зафаќаат површина од 12 хектари, при што внатрешноста на џамијата може да прими до 25.000 верници, а заедно со опкружувањето (дворот) таа бројка достигнува до 80.000 луѓе. Целата базилика Свети Петар во Рим може да биде сместена во внатрешноста на овој храм. Непосредно до џамијата се издигнува минарето со височина од 210 метри – највисокото минаре на светот, а воедно највисок објект во Мароко.  Во текот на ноќта, сноп светлина од ласер се пробива низ небото 35 километри и е насочен кон Мека. Сепак, една од најзначајните особености на џамијата е нејзината спектакуларна локација, која во најголем дел се издигнува над самиот Атлански Океан. Токму затоа, импресивна е изведбата на еден дел од подот на џамијата изработен од стакло низ кое се заплискуваат водите на океанот. Изборот на локацијата е исто така во контекст на Светата книга на пророкот: „Престолот на Алах е на вода“.хасан казабланка (12)

Долу океанот, а над подвижниот покрив (кој се отвора во посебни прилики) чистото небо. Уште поважен е фактот дека објектот е граден со исклучително внимание во однос на сеизмиката и е извонредно отпорен на земјотреси, предодреден да му одолее на времето. Има подно греење и два амами, но и бројни технолошки достигнувања во однос на управувањето со енергијата во објектот.

Џамијата има посебен дел изрезбан во темно дрво, наменет за релизиозни обреди на жените вернички. Посебен куриозитет е фактот што оваа џамија е единствената во светот каде посетите од не-муслимани се дозволени секој ден и во секое време од денот. На тој начин, се покажува дека Исламот е флексибилна и универзална религија, која е способна да ги прифати различностите, а Мароко се  промовира како  дом на духовноста и гостопримливоста.

Со изградбата на џамијата, Hassan II сакал да ја демонстрира својата моќ и да ја реафирмира својата посветеност на Исламот. Но, колосалните димензии на објектот како и огромните трошоци предизвикале полемики и осуда во јавноста, а во тоа особено бил гласен Abderrahmane Youssoufi, социјалист кој станал премиер на Мароко во 1998. Во настојувањето самиот да се оправда, да го смири револтот на новата Влада, и да префрли дел од вината кај својот архитект, кралот го отпушта Pinseau. Неговото враќање дома било тешко и тажно. Умира во Париз во 1999 година.

И за крајот на оваа приказна, ќе се навратиме повторно на нејзиниот вовед, заради следниот заклучок: Можеби Казабланка се прослави со истоимениот филм, но денес џамијата Hassan II е вистинската ѕвезда на овој град.

Даниела Младеновска

Испрати коментар

Scroll To Top