Насловна / Вести / Две понуди за идејно решение за унифицирани дуќани во Стара чаршија

Две понуди за идејно решение за унифицирани дуќани во Стара чаршија

stara carsija unificirani resenija

Министерството за економија добило само две понуди на јавниот повик за избор на идејно решение за изгледот на излозите и рекламите во Стара чаршија, пишува дневниот весник Дневник.

Oд овие две решенија, за кои е доделена втора и трета награда, ќе се направи комбинација за тоа како ќе изгледаат излозите, а трошоците за уредувањето ќе ги покријат Министерството за економија и Општината Чаир. Според некои медиуми, трошоците се во висина од 100 до 1.000 евра.

Втората награда ја добила фирмата „Фајнарт мултимедија“ која има идејно решение за излог за златарница, а третата е за фирмата „БИМС компани“.

До крајот на наредната недела ќе биде подготвен јавниот повик за изработка на основен проект за излозите, врз основа на второто и третото наградено идејно решение.

Идејата за унифициран изглед на дуќаните во Стара чаршија не наиде на позитивни критики меѓу експертите и дуќанџиите, кои главно беа против нарушувањето на автентичноста и духот на Чаршијата.

Испрати коментар

Scroll To Top