Насловна / Вести / Дураки: Интензивно бараме современи технолошки решенија за решавање на проблемот со отпадот

Дураки: Интензивно бараме современи технолошки решенија за решавање на проблемот со отпадот

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со Патрик Мартенс директор на делегацијата на Германско-Македонска Стопанска Комора со цел да се разгледаат можните правци на соработка во областа управување со отпад.2

Имено, имајќи ја предвид сегашната ситуација во Република Македонија во однос на несоодветното управување со комуналниот отпад на општинско ниво и напорите на Владата на РМ за изнаоѓање на краткорочни и долгорочни решенија за надминување на овој  проблем, Министерството за животна средина и просторно планирање преку Германската амбасада во Македонија иницираше состанок со претставници на реномирани компании од Германија кои работат со современи технологии за постапување со отпад.

Како една од можностите за управување со отпад на краток рок беше  разгледувана опцијата за балирање на отпадот. Тоа е технологија за која експертите сметаат дека може да го реши проблемот со комуналниот отпад на краток рок се до изнаоѓање на долгорочни решенија, при што нема да се предизвикаат ниту најмали штетни последици по здравјето на луѓето и животната средина.

Испрати коментар

Scroll To Top