Насловна / Вести / Дубаи тестираше такси без возач

Дубаи тестираше такси без возач

Дубаи го изврши првиот тест на електрично такси без возач, со што овој емират сака да стане пионер во областа на футуристичкиот транспорт.

Во првото пробно возење во понеделник немало патници, соопшти Агенцијата за сообраќај на Дубаи.

Користениот прототип, дело на германска старт ап компанија, може да вози 30 минути со максимална брзина од 100 километри на час. Во него собира две лица.Driverless-Car

Дубаи планира да ги интегрира такси возилата без возач во транспортната мрежа со метро, автобуси и трамваи.

Патниците ќе може да го резервираат таксито и да го следат неговото движење преку телефонска апликација.

Властите наведуваат дека планираат петгодишни тестирања за да се забележат сите безбедносни мерки и да се донесат неопходните закони за новиот вид на превоз.

Дубаи со 14,9 милиони туристи минатата година беше меѓу главните туристички дестинации во Персискиот залив.

Испрати коментар

Scroll To Top